Site Overlay

НЕ СЕ КЛАДИ СО ЖИВОТОТ

Здружението на социјални работници на град Скопје во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Република Македонија и продукциската куќа Минимал Скопје е автор на кампањата “Не се клади со животот” за  подигнување на јавната свест кај граѓаните за сериозноста на проблемот од спортско обложување и останати игри на среќа.

Проектот започна со собирање на статистички информации за односот меѓу младите и игрите на среќа и обложувалниците. Преку анкети во средните училишта на осум града во Република Северна Македонија. Реализирацијата на форуми во осумте градови имаат за цел да се доближи овој проблем до локалната заедница и да се понуди начин на помош и поддршка на граѓаните кои имаат проблем со зависност од игрите на среќа или обложување.

Паралелно со анкетирањето и форумите се спроведува и медиумска кампања која ја заокружува идејата на овој проект. Преку социјалните медиуми проектот „Не се клади со животот“ ја започна својата приказна, а трите видео записи само ја надополнуваат и ја пренесуваат на нов медиум преку прикажување на националните и локални телевизии. Преку промоција на видео записите со силна порака за зависниците од игри на среќа се промовира и отворената телефонска СОС линија за помош на сите оние кои имаа проблем со зависност од обложување и игри на среќа.

Проектот Не се клади со животот е поддржан од програмата Цивика Мобилитаспрограма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од ДанскаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Лице за контакт- координатор на проектот Славица Шекуткоска 070767023

Број на регистрирани случаи на зависници од спортско обложување и коцкање кои се јавиле на телефонската линија или посетиле советувалиште е во постојан раст. Општата цел на овој акциски грант е намалување на бројот на зависници од спортско обложување и останати игри на среќа со посебен фокус на превенција кај младите преку подигнување на свесноста за проблемот и инволвирање на граѓанското општество.
Со цел да се обезбеди задоволително ниво на мотивираност кај стручните соработници за спроведување на акцијата и да се обезбеди мотивираност кај медиумите за поддршка и емитување на видео спотовите, проектот „Не се клади со животот“ се фокусира на создавање и градење на инфраструктура, стручен кадар и медиумска кампања за превенција, директна помош и интегрирање во oпштеството на зависниците од спортско обложување, автомат клубови и коцкање односно од игри на среќа.
Во рамките на проектот анкетирани се речиси 4.000 ученици во средните училишта во 8 градови. Резултатите се платформа на која се базираат форумите. Во рамките на медиумската кампања реализирани се три видео спота со наслов „Роденден“, „Вреди ли?“ и „Ти снема изговори?“ преку кои воедно ќе се промовира и телефонската линија за помош. Сите активности се со цел зголемен ангажман на локалните заедници и соработка со граѓанското општество, подигнување на свесноста за превенција и помош на зависници од игри на среќа, обучени стручни лица за спроведување волонтерски едукативни работилници во училиштата за превенција од коцкање.