Site Overlay

Известување

Почитувани пријатели, би сакале да Ве информирме дека на ден (3 јуни 2016 година) во хотел Порта, ќе се оддржи промоција на прирачникот „Локално, но гласно – прирачник за унапредување на социјалната заштита на самохраните родители и на децата од еднородителски семејства“. Прирачникот е резултат од проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), чија основна цел е застапување на правата на децата од еднородителските семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена влученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво. Проектот беше спроведен од Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје