Site Overlay

За здружението

LOGO_ZSR_PRINTЗдружението на социјални работици на Град Скопје е непрофитна, невладина хуманитарна организација формирана во 1973 година. Своите активности здружението ги започна со цел развивање на професионални капацитети на своето членство и дисеминирање на знаења што ќе овозможат на социјалните работници да бидат во тек со најновите достигнувања во областа на социјалната работа и социјалната политика. На тој начин тие активно ќе се вклучат во помагање на решавање на проблемите на граѓаните кои се наоѓаат во состојба од социјален ризик.

Активностите на Здружението на социјалните работници на град Скопје се од особено значење поради настанатите  социјални и економски проблеми кај граѓаните како резултат на  проблемот на сиромаштијата , зголемувањето  на семејното  насилство, трговија со луѓе, грижата за деца под социјален ризик,бездомништвото, зависност од дроги и алкохол,  и заразување со ХИВ вирусот и појава на СИДА, зголемување на невработеноста и др.

Преку  своите активности во сферата на социјалната заштита, здружението  е значаен фактор во остварувањето на социјални услуги и активности  во подрачја каде што државата не е во состојба да делува со што дава активен придонес во плирализацијата на системот на социјална заштита преку намалувањето на социјалните  проблеми и задоволувањето на социјалните потреби кај граѓаните.

Здружението има реализирано повеќе проекти од областа на социјалната заштита. Вклучени сме во организирање на многубројни едукаативни работилници за социјалните работници кои работат во разни подрачја од социјалната работа.

Здружението на социјалните работници активно соработува со голем број на владини и невладини организации, единиците  на локална самоуправа во Република Северна Македонија како и со  високообразовни  институции од  земјата и странство.

Преку реализирање на проектите Здружението на социјални работници на Град Скопје работи на локално и национално ниво.