Здружението на Социјални работници на град Скопје, одржа едукативни работилници со студенти од Институтот за социјална работа и социјална политика, при Филозофскот факултет, во Скопје, за болести на зависности, практична социјална работа со корисници кои употребувааат дроги и психотропни супстанции и за работата на СОС линијата за помош од дрога.
Овие едукативни работилници се дел од проектот СОС Инфо- Центар кој започна од месец април 2022 година до декември 2022 година. Проектот е поддржан од страна на Град Скопје.