Site Overlay

20ти Ноември, Светски ден на детето. Како живеењето со родител, зависник од игри на среќа влијае врз детето

Многу луѓе кои сакаат да ја победат своjата навика за играње игри на среќа велат дека се загрижени за влијанието што тоа го има врз нивните деца.

Кога некој член на семејството или некој со кој живеат има проблем со обложување и останати игри на среќа, децата се исто така засегнати од ситуацијата.

На пример, децата може да бидат збунети околу тоа што се случува со возрасно лице близу до нив, кој се однесува нетипично на својот карактер. Куќата станува запоставена и неуредна, облеката нечиста, а оброците нередовни. Често родителот поминува подолг временски период надвор, но и кога е присутен се чини дека неговиот интерес е на друго место.

Од овој проблем децата можат да бидат погодени на различни начини, вклучувајќи:

Копирање на стратегии– ако родителот игра игри на среќа за да го ослободи стресот или поради здодевност, може да му даде пример на детето дека коцкањето е начин да се справи со проблемите, односно дека треба да добие пари на игри на среќа за да ги платите сметки. Во иднина, детето може да го стори истото, наместо да се соочи со понатамошниот проблем. Кога ќе се појавуваат поголеми предизвици во неговиот живот, детето може да се сврти кон игри на среќа што дополнително ќе ги отежни работите.

Изложеност на конфликт– проблематичното и компулсивното играње игри на среќа често резултира со конфликт во домот. Ова може да се должи на зголемен стрес од недостаток на финансии и прашања на доверба. На децата кои се често изложени на конфликт, може да им биде тешко да ги изразат емоциите на соодветен начин. Понекогаш ова ќе се види во проблеми во однесувањето, влошен успех на училиште, повлекување во самите себе, повлекување од семејниот живот и т.н. Постои силна врска помеѓу компулсивното играње игри на среќа и семејно насилство, при што околу една третина од луѓето со проблеми со коцкање известуваат дека се жртви или извршители на семејно насилство (Dowling, 2014).

Помалку ресурси – неконтролираното играње игри на среќа оди заедно со финансиски стрес, а децата секако можат да го почувствуваат влијанието на ова. Ова може да се должи на тоа дека има се помалку пари за децата, а во некои случаи, дури и за основни потреби. Растењето во околина каде има финансиска нестабилност исто така може да влијае на чувството на сигурност и стабилност на детето.

Квалитет на врските – Кога ќе станат зависни од спортско обложување и останати игри на среќа, луѓето се помалку присутни и достапни. Едно од најмоќните влијанија за благосостојбата на детето е квалитетот на односот на родителите и на возрасните кои се блиски до нив. Многу луѓе откриваат дека поради времето што го поминуваат фокусирани на играње игри на среќа, имаат се помалку време да комуницираат со луѓето околу нив, вклучително и со децата. Ова може да биде збунувачко и вознемирувачко за децата, кои не можат да разберат зошто не привлекуваат внимание.

Децата по природа, можат да бидат доста прилагодливи. Многу зависници од игри на среќа се длабоко мотивирани од потребите на нивните деца и тоа може корисно да се одрази кон справување со зависноста.

Доколку знаете дека некое дете е засегнато од проблемот со обложување и играње останати игри на среќа, јавете се на линијата за помош од зависност со игри на среќа на телефонскиот број 02/3165 542 и 072 809 809. Повикувањето на телефонска линија значи дека ќе можете да зборувате со обучен советник кој може да ви даде доверливи и бесплатни совети за тоа како да се справите со овој проблем како и да започнете со справување на влијанијата од зависноста врз семејството.

Објавата е во рамките на проектот “Не се клади со животот”, финансиски поддржан од програмата Цивика Мобилитас 2019-2022. Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведува НИРАС, МЦМС и ФЦГ од Шведска. Мислењата кои се овде изразени не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации.