Site Overlay

Форуми ,,Предизвици и проблеми во спроведување на законот за семејно насилство,,

Здружението на социјални работници на град Скопје поддржано преку програмата Цивика мобилитас ќе реализира три форуми на тема ,,Предизвици и проблеми во спроведување на законот за семејно насилство,, на кои треба да присуствуваат стручните лица вклучени во целосната постапка од изрекување до реализација на мерката поврзана со семејно насилство.На форумите треба да учествуваат преставници од Министерство за труд и социјална политика,Центрите за социјална работа од сите градови во Републикава,преставници од Завод за социјални дејности,Министерство за здравство (Психијатриски болници),Министерство за внатрешни работи,Министерство за правда и преставници од невладини организации.
Во таа насока Ви се обраќаме за поддршка и соработка во реализација на трите регионални форумина кои треба да проговориме за досегашните практики и проблеми со кои се соочуваме сите актери во реализацијата на оваа мерка,која е од круцијално значење за сите стручни лица како и за сите граѓани на нашава земја.
На 10ти септември (понеделник) е планиран првиот форум, во хотел Порта со почеток од 10:00 до 13:00 часот во Скопје.

Вашето присуство и поддршка во реализацијата на овие форуми е од големо професионално и стручно значење а истовремено чест и задоволство за нас,за што би сакале да делегирате преставник со кој ние ќе можеме понатаму да контактираме за агендата на форумите.
Со почит,

Претседател на ЗСР на град Скопје
Јагода Насковска