Site Overlay

Фокус група општина Чаир

На ден 14.03.2016 година, во просториите на Општина Чаир се одржа фокус група во рамки на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), поддржан од Европската унија, во присуство на стручни соработници од детските градинки, основните и средните училишта, самохрани родители од општината, како и претставници на центарот за социјална работа.
Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Проектот „Локално, но гласно“ е организиран во соработка со Здружението на социјални работници на Град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје.

IMG_20160314_130028 IMG_20160314_121811 IMG_20160314_132755 IMG_20160314_132808