Фокус група општина Шуто Оризари

kick-off-meeting-clipart-9

На ден 04.05.2016 година, во просториите на невладината ХЕРА, во амбулантата на оптина Шуто Оризари се одржа фокус фрупа во рамки на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), поддржан од Европската унија, во присуство на стручни соработници од детските градинки, основните и средните училишта, самохрани родители од општината, како и претставници на центарот за социјална работа.
Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Проектот „Локално, но гласно“ е организиран во соработка со Здружението на социјални работници на Град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје.

Голема благодарност до колегите од невладината ХЕРА

IMG_20160504_123040 IMG_20160504_123109 IMG_20160504_130644