Фокус група општина Бутел

kick-off-meeting-clipart-9

IMG_20160408_131516 IMG_20160408_131535 IMG_20160408_131557

На ден 08.04.2016 година, во просториите на Општина Бутел се одржа фокус група во рамки на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), поддржан од Европската унија, во присуство на стручни соработници од детските градинки, основните и средните училишта, самохрани родители од општината, како и претставници на центарот за социјална работа.
Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Проектот „Локално, но гласно“ е организиран во соработка со Здружението на социјални работници на Град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје.