Фокус група општина Аеродром

kick-off-meeting-clipart-9

На ден 11.03.2016 година, во просториите на Општина Аеродром се одржа фокус група во рамки на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), поддржан од Европската унија, во присуство на стручни соработници од детските градинки, основните и средните училишта, самохрани родители од општината, како и претставници на центарот за социјална работа.
Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Проектот „Локално, но гласно“ е организиран во соработка со Здружението на социјални работници на Град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје.

  IMG_20160311_131435IMG_20160311_131653IMG_20160311_131701

IMG_20160311_131547