Работилници

Workshops

Здружението на социјални работници на град Скопје и СОС Детско село на Македонија на ден 14ти јуни остварија заедничка соработка и реализираа работилници во областа на социјалната заштита. На тема ” Болести на зависности и ХИВ/Сида и СПИ”, на кои младите беа запознаени со штетните дејствија на дрогите и сексуално преносливите инфекции.
Како резултат на реализацијата на работилниците беше подобрена информираноста на децата згрижени во СОС семејствата под социјален ризик, во насока на унапредување на превенција од употреба на тутун, дроги, алкохол и комар, како и унапредување на здравјето.
Двете здруженија потпишаа и меморандум за соработка.