ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК

social-media-promotions-digital-marketing

Почитувани пријатели, би сакале да Ве информирме дека денес (3 јуни 2016 година) во хотел Порта, се промовираше прирачникот „Локално, но гласно – прирачник за унапредување на социјалната заштита на самохраните родители и на децата од еднородителски семејства“. Прирачникот е резултат од проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), чија основна цел е застапување на правата на децата од еднородителските семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена влученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво. Проектот беше спроведен од Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје

14654716762451465471676769 1465471862905 1465471862615 1465471677482 1465471677720