Оддржан настан на ЗСРРМ

11

Почитувани,

Здружението на социјални работници на Македонија, Ве известува дека на ден 27.11.2017 (понеделник) оддржа настан во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.
Темата на овој настан беше „Улогата на социјалниот работник во борбата против насилството врз жените и семејното насилство“.
Настанот го водеше социјален работник Јана Јанева, а свои излагања имаа четири социјални работници, членови на ЗСРРМ, кои активно се вклучени во борбата против насилството врз жени и семејното насилство.
Прв говореше Претседателот на ЗССРМ, Гоце Прцуловски социјален работник при „ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје“ за улогата и задачите на социјалниот работик, вработен во Центар за социјални работи, за домашното законодавство и заштитните мерки кои ги предлага ЦСР пред надлежен Суд. Во излагањето посебно истакати беа важноста на социјалните услуги и проценката на ризик за жртвите на семејно насилство и родово-базирано насилство, како и беше дадена поддршка во ратификација на Истанмулската конвенција, која налага задолжително развивање социјални услуги во секоја општина.
Втора говореше Ана Георгиева, социјален работник во Шелтер центарот на Организацијата на жени на град Скопје, специјализиран за згрижување на жени жртви на насилство. Со нејзината презентација ги запозна присутните со улогата и задачите на социјалниот работник во Шелтер, професионалното согорување на социјалните работници при работа со жртвите, како и значењето на ратификацијата на Истанбулската конвенција.
Трета говореше Вера Николиќ, социјален работник при „ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје“, која феноменот на насилството врз жените и семејното насилство ни го претстави низ друг аспект, односно како да го препознаеме насилството врз децата, како тоа влијае врз децата и нивниот психо-социјален развој и какви трајни последици може да настанат.
Последна говореше Румена Ѓердовска, социјален работник при Советувалиштето за психо-социјален третман со лица кои живеат со ХИВ при Клиниката за инфективни болести, за трансородово-базирано насилство, стигматизацијата и исклучувањето на транс-лицата од сите социјални сфери.
Настанот беше финансиски поддржан од UN Women и беше поставен во агендата 16 дена активизам против родово-базирано насилство.

Со почит,
ЗСРРМ