Настан: 10 Јуни – Ден на социјалниот работник

original

Почитувани колеги социјални работни/ци/чки и студенти по социјална работа и политика,
Ве покануваме сите активно да се вклучите во одбележувањето на 10 јуни – денот на социјалните работници на Македонија, под мотото “I am a social worker, what is your super power?”
Настанот е во заедничка организација и иницијатива на Здужението на социјални работници на Македонија, Здужението на социјални работници на град Скопје и Асоцијацијата на студенти по социјална работа, а ќе се одржи на ден 10.06.2018 година (недела), во период од 11 до 13 часот на локација во Градскиот парк на Скопје, со собирно место пред фонтаната во паркот.
Како активно да се вклучите и Вие, за да бидеме уникатни, креативни, информативни и проактивни социјални работници?
1. Напишете информативна/креативна/впечатлива и квалитетна порака од областа на социјалната работа каде професионално работите, област која ве интересира, или имате точни и интересни факти за социјалниот работник
2. Пратете ја пораката во порака на Facebook страните на ЗСРМ, ЗСРС и АССР најдоцна до 07.06.2018 година за да биде испечатена,
3. Доколку сакате да носите маичка со мотото на настанот: “I am a social worker, what is your super power?” и големина по Ваш избор, Ве молиме да не известите најдоцна до 05.06.2018 година на маил или во порака на Facebook на ЗСРМ, ЗСРС и АССР за да биде испечатена. За секоја маичка се плаќа по 200 денари сопствен учество.

Ве очекуваме !

ЗСРМ, ЗСРС и АССР34120442_1952077018377680_3548266452538621952_n