Известување за проектот “Локално, но гласно”

information_01

Драги пријатели, би сакале да Ве информираме дека Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје, ги закажаа следните фокус групи:
– општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, на 31 март (четврток) од 12 до 14 часот, и
– општина ЦЕНТАР, на 5 април (вторник) од 12 до 14 часот.
Ќе има претставници од центар за социјална работа, општината, основни училишта и градинки. Ги покануваме заинтересираните самохрани родители од оваа општина (доколку се во можност) да присуствуваат на настаните.