За потребите на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL)!

information_01

Драги пријатели, за потребите на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје, ќе реализираат дебата со самохраните родители на Град Скопје. Целта на дебатата ќе биде гласно да проговориме за проблемите со кои секојдневно се соочуваат самохраните родители и нивните деца (во областа на социјалната и детската заштита), а дефинираните проблеми ќе бидат вградени во планираниот прирачник. За местото на одржување на дебатата дополнително ќе Ве информираме. Но, за да се собереме во поголем број, ќе ни треба Ваше мислење за времето на одржување на дебатата. Согласно Вашите обврски и можности, дали би сакале да ја организираме дебатата во работен ден (попладне) или за време на викенд (предпладне)?
На дебатата може да присуствуваат и професионалци од невладиниот сектор кои се засегнати од темата и кои во текот на својата работа доаѓаат во контакт со самохрани родители.