Site Overlay

За ИРИС Мрежата и ЗСР – Скопје

IRIS мрежата е единствената регионална мрежа која ги спојува давателите на социјални услуги на граѓанските организации во Југоисточна Европа.
ИРИС во моментов поврзува околу 140 организации-членки кои обезбедуваат различни видови на социјални услуги на различни ранливи групи: лица со попреченост, деца и млади во ризик, жени жртви на семејно насилство, бегалци, баратели на азил итн.

Оваа мрежа има за цел да ја зајакне улогата на непрофитни организации за социјални услуги низ цела Југоисточна Европа и да осигура дека овие организации се признаени како еднакви партнери од страна на јавниот сектор.
Здружението на социјални работници на град Скопје од неодамна стана членка во оваа мрежа со цел јакнење на капацитети на здружението и членовите на самото здружение т.е социјалните работници преку спознавање на можности за нудење на социјални услуги на различни категории на грагаѓани.

Прочитајте повеќе на ФБ страната на ЗСР – Скопје.

About Us