Site Overlay

ПРОЕКТИ

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

 

  • Со поддршка на Данската фондација „Мозаик” во 2000 година е реализиран проектот „Прв чекор” проект за информирање и едуцирање на граѓаните од ромска националност, за дрога, злоупотреба на дрога и за начините на здравствена и социјална заштита на лицата кои употребуваат дрога,oбука за работа со врсници и за здрави животни стилови. Проектот е реализиран и поддржан во соработка со општината Шуто Оризари и Центарот за социјална работа во општината.
  • Во 2000 година беше реализиран проектот „Отстранување на архитектонските бариери” поддржан од ОКСФАМ. Со овој проект беа реализирани активностите за прифаќање и поддршка на лицата со посебни потреби. За таа цел се направи евиденциона листа на лицата со физички хендикеп и се организираа трибини, тркалезни маси, со цел да се подигне свеста кај граѓаните и институциите на системот за проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства.
  • Преку проектот „Розови викенди”, се реализираa активности во 2001 година за децата сместени во дом семејства со цел подобрување на нивниот социјален живот.  Со децата беа реализирани најразновидни активности посета на кино, театар, заеднички дружења, спорт, забава. Посебен акцент беше даден на значајните дати во нивниот живот, роденден, именден и овие датуми беа прославувани во игротеки со забави и заеднички дружења. Со овој проект беа опфатени 75 деца сместени во други семејства со различна возраст, а проектот беше поддржан од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Проектот траеше две години.
  • Во 2003 година со поддршка на Фондацијата СОРОС, беше реализиран проектот „Децата со кибритчињата”. Проектот траеше шест месеци и целна група на истиот беа згрижувачките семејства на деца без родители од општина Чаир.  Сo aктивностите кои беа реализирани со овој проект беа опфатени  згрижувачките семејства сo цел да се подигне квалитетот на згрижување на децата без родители згрижени во згрижувачките семејства со посебен акцент на прифаќање на децата со посебни потреби.
  • Во 2003-2004 година преку поддршка на Европската Агенција за Реконструкција беше имплементиран проектот „Градење на капацитетите на институциите и грижата за социјален развој” реализиран  во соработка со  Министерството за труд и социјална политика, беше реализиран проектот „СОС- линија за помош од дрога” , партнерски проект на Здружението, Македонскиот Центар за Меѓусебна Соработка и Центар за социјална работа од Штип. Проектот е еден од најуспешните и најодржливите проекти на Здружението на социјални работници на Град Скопје и сеуште успешно се спроведува. Со реализацијата на овој проект во Скопје се отвори бесплатна национална линија за информирање на граѓаните за видовите дрога, нивните дејства, штетни последици од нивна употреба, институции за лекување од зависности, како и давање информации за ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести и проблемите поврзани со овие појави. Од досегашната работа на линијата (статистичка анализа на бројот на јавувања) се покажа потребата за постоење на оваа линија која на граѓаните им овозможува бесплатна (0800 11 444), брза, лесно достапна, анонимна информација за проблемот.
    Линијата има превентивен карактер и е посебно насочена кон младите кои се под ризик за прифаќање на патолошко однесување.
  • Во 2004 година, преку поддршка за издавање на брошура „Дрога опасен предизвик во младоста”, ја подобривме информираноста за проблемот на дрогите во Република Македонија.  Брошурата е наменета за младите, родителите, социјалните работници, педагозите сите заинтересирани за подобрување на информираноста за дрогите. Беа отпечатени 500 примероци од брошурата, кои беа поделени на заинтересираните граѓани како и во Дневните центри за рехабилитација на зависници од дрога и во Вавилон центрите.
  • Во 2005 година како партнер со здружението „ИНФО ДРОГА/СИДА” учествуваше во реализацијата на проектот „Младите советуваат”. Целна група на проектот беа младите активисти од триесет Вавилон центри во Македонија и млади (ученици, студенти) корисници на нивните активности. Со овој проект се подготви прирачник за здрави животни стилови и се реализира континуирана едукација на младите активисти во Вавилон центрите во целата земја. Исто така во тековната 2005 година го реализиравме проектот за подобрување на информираноста за метадонот преку издавање на флаерот „Зошто, кога, каде, лекување со метадон?” Целта на издавање на овој пропаганден материјал за лекувањето со метадонска терапија е навремено и стручно информирање на пациентите кои се лекуваат со оваа терапија и нивните семејства како и за сите заинтересирани со цел да се овозможи правилна информираност за тоа што е метадонот, како и каде се реализира лекувањето со оваа терапија. Беа отпечатени 3000 флаери, кои беа дистрибуирани по сите медицински центри и центри за рехабилитација. Издавањето на овој флаер беше поддржано  од  фармацевтската  компанија Алкалоид Скопје.
  • Во 2006 година се реализираа работилници за здрави животни стилови со деца од општината Шуто Оризари кои се под социјален  ризик. Овие работилници беа во склоп на проектот „Чекор понапред кон поздрав живот”.
  • Во текот на 2006 и 2007 година Здружението беше поддржано од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје во реализацијата за подобрување на капацитетите на Центрите за социјална работа и Дневните центри за превенција, рехабилитација и ресоцијализација на млади и семејства со проблем под социјален ризик, како и во реализацијата на два семинари за обука на нови оператори за работа на проектот „СОС линија за помош од дрога”.
  • Во 2007 година поддржано од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Здружението на социјални работници на Град Скопје издаде и „Прирачник за рехабилитација и ресоцијализација од употреба на дроги”, кој беше од големо значење и беше поделен во скоро сите центри и институции кои имаа потреба од истиот.
  • Во 2008 година Здружението на социјални работници на град Скопје поддржано од DAAD и Факултетот за социјална работа од Нинберг организираа два семинари и тоа „Современи пристапи во дејноста на социјалните работници во областа на менталното здравје” во месец мај и „Развој на социјалните сервиси за потребите на граѓаните во локалната заедница” во месец септември.
  • Во периодот од јуни до декември 2008 година Здружението на социјални работници на Град Скопје во партнерска соработка со Интернационалното здружение на жени на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт реализираа проект со наслов „Better education, better care for children” во чии рамки беа спроведени едукативни работилници за семејства по ризик одржани во просториите на СОС Детско село. Здружените на социјални работници на град Скопје, известува дека заврши со реализацијата на проектот  „За нашите деца” поддржан од Фондот за поддршка на деца и малди-жртви на сексуална злоупотреба, креиран во рамките на Кампањата за поддржка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа и во соработка со СОС Детско село, Скопје.  Во рамките на проектот беа опфатени 70 деца на возраст од 10-14 години кои беа едуцирани за начините на превенција од сексуална злоупотреба. Дел од децата вклучени во проектот се деца згрижени во СОС Детско село, а дел се деца од семејства под ризик кои живеат на територијата на Општина Гази Баба, а се опфатени со превентивен проект на СОС Детско село.

Преку едукативните работилници, разновидните вежби и игри, младите вклучени во проектот внимателно беа запознаени со сексуалната злоупотреба, нејзиното препознавање и со начините како да се заштитат себе си од евентуална злоупотреба. Со зголемување на нивните познавања во оваа област се овозможи градење на нивната способност навремено да реагираат со што ќе се обезбеди и нивна соодветна заштита. Како дел од проектот беше изработена брошура со темите обраборени на работилниците.Промовирањето на оваа брошура е реализирано на завршната средба на која беше организирана и Лотарија со подароци за децата како благодарност за нивното учеството и допринос во текот на одржаните работилници. На оваа средба со неговото присуство не почести и естрадната ѕвезда Игор Узунов, а наградите беа обезбедени дел од Центарот за институционален развој-ЦИРа и претставуваа лични предмети на нашите естрадни уметници, кои ги донираа во текот на спроведувањето на Кампањата за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба., додека преостанатиот дел од наградите беа обезбедени од Атлантик Комерц.

  • Во 2009 година одделението за социјална, детска и здравствена заштита ја поддржи работата на  СОС Линија за помош од дрога/ СПИ, со цел подигање на јавната свест и подобрување на информираноста за натамошно унапредување на здравствената и социјалната благосостојба на младите и граѓаните на РМ во однос на употребата на дрогите и нивните дејства, ХИВ/СИДА и СПИ, преку бесплтната телефонска линија (0800 11 444)  и и-меил адресата www.infodroga.on.net.mk. Во рамките на проектните активности од 29.05  до 31.05.2009 година се одржа семинар „Едукација за оператори на СОС Линијата за помош од дрога ХИВ/СИДА и СПИ„ во хотел Илинден во Струмица. Во обуката беа вклучени студенти од трета година на Институтот за социјана работа и социјана политика.
  • На ден 14-15.05.2010 година, во градот Прилеп, се одржа работилница “Професионалноста и квалитетот на услугите на социјалните работници во службите за ментално здравје” наменето за социјалните работници кои работат во здравствениот сектор во Република Македонија, поддржано од Факултетот за социјална работа од градот Нирнберг и ДААД програмата.
  • На ден 23.06.2010 година, во свечената сала на Филозофски Факултет, во Скопје, се одржа работилница “Професионалноста и квалитетот на услугите на социјалните работници во службите за ментално здравје” наменето за социјалните работници кои работат во здравствениот и невладиниот сектор во градот Скопје, поддржано од Факултетот за социјална работа од градот Нирнберг и ДААД програмата.
  • Во 2011 година, продолжи проектот СОС линијата за помош од дроги со проектот “Заедно во борба против дрогата”  за период 01.07.2011 – 31.08.2011 поддржан од  Град Скопје. Беше спроведена контунираната едукација на социјални работници на град Скопје преку ДААД програмата.
  • Во 2012 година, се реализираат низа проектни активности во соработка со Град Скопје. Продолжи проектот СОС линијата за помош од дроги со проектот “Помош, превенција и едукација за дроги, ХИВ/СИДА и СПИ” за период од мај до декември 2012 годиан, поддржан од страна на Министерството за труд и социјална работа.
  • Во периодот од  до  беше реализиран проектот  “Улогата на детската градинка во заштита на децата од семејно насилство”, поддржан од МТСП. Проектот е дел од активностите кои се превземаат во РМ за заштита на детето од сите форми на насилство, вклучувајќи го и семејното насилство. Проектот е во согласност со националната и меѓународна легислатива за заштита од семејно насилство, со приоритет на заштита на детето. РМ ги има ратификувано главните, меѓународни документи и конвенции за заштита на правата на децата  како и Конвенцијата за правата на децата која е дел од сите стратегии и документите кои се однесуваат на децата жтрви.
  • Во период од јуни до декември беше реализиран проектот  “СОС линија за помош од употреба на дроги и превенција од ХИВ/СИДА и СПИ – Заедно посилниЦ, поддржан од Град Скопје, со цел континуирана работа на СОС линијата за помош од дрога.
  • Во 2013 година беа реализирани повеќе проекти кои опфаќаат рализлични категории и проблеми на граѓани. Проектот  “Препознај го насилството , реализиран од месец јули до февруари, поддржан од . Проектот беше спроведен во пет градинки, пилот општини во РМ со целан група воспитувачите и стручните работници во градинките, децата како потемцијални жртви и нивните родите сторители на насилство.
  • ЗСР го реализира проектот “Преку спорт до здрави животни навики” во период од јули до декември, поддржан од Град Скопје. Како општа цел ан проектот е подигање на свеста, подобрување на информираноста и унапредување на здравствената состојба на младите кои се под социјален ризик, во однос на појавата на лошите животни навики и превентивно дејствување за спречување на истите преку спортување и едукација.
  • Во период од јуни до декември беше реализиран проектот “Со едукација до превенција од употреба на дрога”, поддржан од Град Скопје. Во тој период се одбележа свеченото одбележување на 10-годишното постоење и активно функционирање на СОС линијата за помош од дрога како и 40-годишното постоење и работење на Здружението на Социјални работници на град Скопје, на кое беа презентирани досегашните успеси и беа доделени благодарници на сите оние кои во текот на изминативе години дадоа придонес и поддршка на нашето работење.
  • Во 2014 година се реализира проектот “Волонтеризмот и младите за подобрување на квалитетот на живот”, во период од јуни до септември, поддржан од Град Скопје.  Основна цел на проектот е промоција и поттикнување на волонтерството кај младите, со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и стекнување на здрави животни стилови. Преку едукација, посета на културни манифестации и спроведување на различни волонтерски активности.
  • Во период од јули до декември линијата продолжи со работа преку проектот “Кажи ДА за превенција од употреба на дрога”, поддржан од Град Скопје.
  • Во период од септември 2014 до февруари 2015 година поддршката на линијата ја продолжи Министерството за труд и социјална политика со одобрување на проект “Заедно можеме – помош, превенција и едукација за дроги, ХИВ/СИДА и СПИ”.
  • Во 2015 година, во периодот од мај до декември линијата продолжи со работа преку проектот “СОС Ѓраѓански сервис”, поддржан од Град Скопје.
  • Во периот од три месеци (мај, септември и октомври) се реализираше и прокетот “Младински волонтеризам и здрави животни навики”, поддржан од Град Скопје.
  • Во 2016 година, во периодот од 04. Јануари до 04 Јуни се реализираше проектот “LOCAL, but VOCAL!”, финансиран од региналната мрежа ИРИС, која соединува повеќе од 150 организации од југоисточна Европа кои нудат социјални услуги, поддржан од Европската Унија. Проектот го реализираа со заедничка соработка Здружението на социјални работници на град Скопје, со Ресурниот центар за самохрани родители “МИНУС И ПЛУС” – Скопје. Гланата цел на проектоте застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
  • Во периодот од 01. Март до 31 Декември се реализираше проектот “СОС ИНФОРМАТОР”, поддржан од Град Скопје.
  • Во периот од три месеци се реализираше и прокетот “Преку младински волонтеризам и здрави животни навики”, поддржан од Град Скопје.
  • Во 2017 година, во периодот од 01ви Април до 31 Декември се реализираше проектот СОС ИНФО ЛИНИЈА”, поддржан од Град Скопје.
  • Во периодот од 6 месеци, јули – декември “Јакнење на капацитетите на јавните установи за социјална заштита и дневните центри за инвалидни лица за заштита на животната средина преку социјално претприемништво”, поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Во периодот од 6 месеци, јули – декември “Јакнење на капацитетите на локалните актери за градење проекти за заштита на животната средина ло локалната заедница”, поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  • Во 2018 година, од 03 Март продолжи поддшката на СОС линијата за помош од дрога со проектот “СОС ИНФО СЕРВИС” од Град Скопје.
  • Здружението на социјални работници на град Скопје го реализираше проектот Подигање на свесноста за здрави животни навикии и грижа за заштита на животната средина кај родители и деца од социјално ранливи категории поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  • Здружението го реализираше проектот “Предизвици и дилеми во спроведување на законот за семејно насилство”, поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТА

ПРОЕКТИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА

 

  • Во 2019 година, продолжи поддшката на СОС линијата за помош од дрога со проектот “СОС ИНФО СЕРВИС” од страна на Град Скопје.