Дебата за правата на самохраните родители и децата од еднородителските семејства

debates

Драги пријатели, Ве известувме дека Здружението на социјaлни работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје, организираат ДЕБАТА за правата на самохраните родители и децата од еднородителските семејства во областа на социјалната и детската заштита. Настанот ќе се одржи на 20 февруари 2016 (сабота), од 11 до 13 часот, во сала бр. 1, во Даре Џамбаз. Поканети се сите самохрани родители (и оние кои се чувствуваат така), професионални работници од невладиниот сектор кои се засегнати од темата и кои во текот на својата работа доаѓаат во контакт со самохрани родители, и сите заинтересирани поединци. Ве очекуваме!