Site Overlay

Влијание на компулсивното играње на игри на среќа врз семејството

Компулсивното играње на игри на среќа е широко распространет проблем на зависност. Бројката на лица кои компулсивно играат игри на среќа во Македонија е во постојан пораст, а  уште позначајно е дека овој проблем  не влијае само на личноста, туку станува сериозен социјален, психолошки и медицински проблем. Долгорочните последици од оваа зависност ги чувствуваат партнерите, децата, пријателите, поширокото семејство, работодавачите и соработниците, но сепак најтешко погодено е семејството.

Членовите од семејството не само што страдаат поради финансиските проблеми, тие се соочуваат со низа други психолошки и социјални проблеми.Бројките на развод, семејното насилство, злоупотреба на децата и нивното запоставување се многу повисоки во семејства каде едниот или двајцата родители имаат ваков проблем.

Материјално лишување

Зависникот  обземен од својата зависност и опседнат со освојување џек-пот, не е во состојба да размислува јасно. Тој е во костец на толку моќна ментална опсесија што повеќе не може да разликува правилно и погрешно кога станува збор за игрите на среќа.Тој ќе се обложи на својата плата, ќе ја стави куќата под хипотека и ќе продаде што може за да заработи пари; тој ќе позајми од семејството, пријателите и ќе земе пари под лихва, тој ќе направи проневера на работното место, ќе земе брз кредит, ќе ги искористи сите свои кредитни картички, а сепак ќе негира дека има зависност. Нема да остави ништо за набавка на храна, облека, кирија или кредит, така што неговото семејство ќе го остави без основите средства, живеејќи во сиромаштијата – не затоа што нема доволно пари, туку затоа што сите пари се потрошени за играње игри на среќа.

Развод

Анализите покажуваат дека стапката на развод кај семејствата во кои има зависник од играње игри на среќа е висока. Тензијата меѓу партнерите е постојана. Како што зависникот губи, сè повеќе се зголемуваат чувствата на страв и срам. Промените во неговото расположение се поврзани со неговата зависност (дали ќе добие или ќе изгуби) ескалација кога ќе победи, воздржаност кога ќе изгуби.Тој се лути, станува повлечен и тежок за комуникација. Наспроти него сопругата, фрустрирана носејќи се со сиот товар и воедно уплашена, постојано се соочува со создадениот проблем од зависникот, околу купот на неплатени сметки, постојани повици од лицата на кои им е должник за неговота зависност.Не можејќи да се справи со ваквата состојба зависникот се лути со обиди да ја заплаши сопругата. Напнатоста и гневот ескалираат. Куќата се чувствува како воена зона. Основата е поставена за секој од брачните другари да бара „утеха и разбирање“ надвор од бракот. Разводот може да изгледа како единствена опција за надминување на дадената состојба. Не можејќи да го издржат хроничниот хаос, брачниот пар се разделува, оставајќи зад себе уништени и скршени животи. И после ова  тој најчесто  продолжува  со својата зависност.

Семејно насилство

Малку зависници  сметаат дека нивното  играње играње на игри на среќа придонесува за проблемите со кои се соочуваат. Постојаната внатрешна напнатост со која живеат овие лица се крши. Многу лица со овој проблем започнуваат да пијат алкохол во обид да ја намалат оваа напнатост. Многумина од нив започнуваат да користат психоактивни супстанции за да го ослободат притисокот.Тие се господари да ги обвинуваат надворешните околности и другите луѓе за своите проблеми – а сопругата е главната цел за вината. Да се ​​живее со компулсивен зависник е како да одите слепи на минско поле. Никогаш не знаете кога ќе стапнете на бомба. Никогаш не знаете кога тој ќе експлодира и каква ќе биде штетата. Можеби вечерата била послужена предоцна или прерано. Можеби не сте кажале здраво на вистински начин. Можеби воопшто не сте требале да кажете здраво. Можеби децата биле премногу гласни или премногу тивки. Во секој случај, никогаш не знаете од еден до следниот ден какво ќе биде неговото расположение и темперамент, затоа живеете во страв од неговиот експлозивен бес. Понекогаш тој бес доведува до насилство, физички напади,малтретирање или силување.Понекогаш неговиот бес води кон вербално насилство: прозивање по име, груби критики, пцуење и неконтролирано викање. Целовремено, тој ве обвинува за начинот на кој ве третира. Вие не знаете што сте направиле, но по некое време ќе почнете да му верувате. Почнувате да се сомневате во вашата перцепција, мисли и чувства. Злоупотребуваниот партнер согледува дека откако ќе помине бурата, нему  му е многу жал и ветува дека нема да го стори тоа повторно. Свесни се дека ќе следат неколку „нормални“ убави денови до следниот пат. И секогаш има следен пат.

Злоупотреба на деца и запоставување

Постојаниот напор, постојаниот финансиски притисок и емоционалните издигнувања и падови што ги доживуваат компулсивните зависници, не им дозволуваат  да функционираат зрело. Нивните деца се ранливи, физички,емоционално, вербално злоставувани и запоставувани. Не е невообичаено да се чуе дека децата останале во заклучени автомобили на паркингот пред  казино додека нивниот родител бил да игра некоја игра на среќа.Како и сопругата така и децата се главна мета за бесот на зависникот од игри на среќа. Тој нема психолошка бариера што му дозволува да направи чекор назад и повторно да се преиспита. Неговиот бес е секогаш на површината и е потребно многу малку за да избувне. Родителите знаат дека одгледувањето деца не е секогаш лесно и сите на моменти избувнуваме. Разликата е во тоа што здрав родител може да го дисциплинира својот гнев и да го искористи конструктивно. Компулсивниот играч на игри на среќа не поседува ваков вид дисциплина, па така бесот, стравот и фрустрацијата најчесто ги истура врз неговите деца кои не се во можност да се заштитат. Растењето во ваква средина е длабоко штетно за детето, за неговото чувство на сигурност , доверба и  благосостојба. Тие се невини жртви на зависност без своја вина. Потребно е време и упорност за создадените рани од компулсивното играње на игри на среќа  да заздрават.На семејствата им е потребна помош ако сакаат да се променат. На брачниот другар му требаат многу видови поддршка, вклучувајќи финансиска, емоционална, психолошка и духовна. Патот на лекувањето и опоравувањето не е лесен, но останувањето и живеењето со оваа зависност е уште потешко.