АКЦИЈА ЗА ПРИБИРАЊЕ ХРАНА, ВОДА, ЛЕБ И НЕКОИ ОСНОВНИ ХИГИЕНСКИ ПРОДУКТИ НАМЕНЕТИ ЗА МИГРАНТИТЕ КОИ ТРАНЗИТИРААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА

information_01

Почитувани колеги и пријатели,
Ве каниме да дојдете на хуманитарниот настан:
 АКЦИЈА ЗА ПРИБИРАЊЕ ХРАНА, ВОДА, ЛЕБ И НЕКОИ ОСНОВНИ ХИГИЕНСКИ ПРОДУКТИ НАМЕНЕТИ ЗА МИГРАНТИТЕ КОИ ТРАНЗИТИРААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Настанот ќе се организира со учество на волонтери од Здружението на социјалните работници на град Скопје и Здружението на граѓани „ЛЕГИС“.
Настанот ќе трае 2 дена и ќе се одвива во лобито на Дом „Даре Џамбаз“, на 10 и 11 јуни, 2015 година, во периодот од 10.00 – 18 часот, како дел од активностите за одбележување на Денот и Неделата на социјалните работници.
Дојдете, но не сами!  Проширете меѓу вашите пријатели за овој настан и на поминување оставете конзерви: пилешка паштета / нарезок, риба, потоа вода, сокови, леб, можеби некоја кашичка за бебиња, некои основни хигиенски продукти (влажни и хартиени марамчиња) и се што сметате дека ќе биде од егзистенцијална важност за мигрантите.
Можете да го отворите и овој линк, на кој има плакат, каде што е објавено што е најпотребно и може да им се донира на овие лица!
Да ја покажеме на дело нашата хуманост како граѓани, за оваа популација крајно маргинализирани лица, на кои им е загрозено елементарното право, – правото на живот и егзистенција.
Да покажеме на дело дека не се точни оценките на ББЦ, каде што Македонија е спомената како најлошо место за транзит на мигрантите!
Доколку сте во можност дојдете и на дружење во петок, во ресторан Москва – Свети Николе. Присутните ќе ги поздрави министерот Диме Спасов, а ќе има присутни од сите ЦСР, УСЗ, како и колеги социјални работници, вработени во НВО и приватен сектор.